Хороскопските знаци и комплексите: Јарецот глуми ладнокрвност, Ракот се плаши од потценување…

А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте какви комплекси криете според астролошкиот знак.

Стресните моменти и разуочарувањето се предизвикувачи за несигурност. Девиците и Близнаците копнеат другите да ги прифатат и ценат, а Ракот, Лавот и Водолијата да ги сакаат.

Најголемиот страв на Овенот е зависноста од другите.

Припадниците на овој знак на прв поглед се многу самостални и самоуверени, но тој нивни став честопати е камуфлажа. Всушност тие се плашат да не зависат од други , затоа што така им го диктираат расположението. Од блиските луѓе потребена им е подршка и внимание, во спротивно стануваат несигурни и депресивни. Тогаш ги преземаат карактеристиките на „негативната Вага ” – несигурност, неодлучност, пасивност, голем умор и фрустрираност.

Бикот се плаши од несигурност

Било тоа да е во љубовта, финансиите или работата, најголемиот внатрешен страв на припадниците на овој знак е несигурноста и чуството дека не ја контролираат ситуацијата. Така, во врските ќе им треба многу да стекнат доверба во партнерот и да го загубат чувството дека тие се оние кои сакаат повеќе. Ако се чуствуваат лошо, ги преземаат карактеристиките на „негативната Шкорпија ” – посесивност, бес, злоба.

Близнаците се плашат дека не се доволно добри

Колку и да се комуникативни и експресивни, прпадниците на овој знак се свесни дека имаат променливо расположение и прилично се комлицирани. Иако околу себе имаат голем број на луѓе со кои се согласуваат, тие тајно се сомневаат дали околината ги прифаќа поради тоа што се, или поради тоа што го добиваат од таа врска. Во кризни ситуации ги преземаат карактеристиките на „негативниот Стрелец ” – не сакаат да слушаат туѓи објаснувања, главата им е во облаци и се саркастични.

Ракот се плаши од потценување

Припадниците на овој знак прилично се осетливи на тоа колку им се важни на другите. Нивната несигурност излегува на виделина во ситуации во кои се чуствуваат занемарено, несакано или ако ги критикувате дека нешто не направиле како што треба. Тогаш ги преземаат карактеристиките на „негативниот Јарец ” – стануваат песимисти, се повлекуваат во себе и се сожалуваат.

Лавот се плаши дека ќе престаните да го сакате

Губењето на положбата и јавното понижување се ситуации во кои припадниците на овој знак ги покажуваат своите слабости. Ако ги игнорирате нивните потреби и желби, нивната внатрешна несигурност излегува на виделина –  мислат дека на блиските не им значат онолку колку што самите сметаат дека треба. Тогаш ги преземаат карактеристиките на „негативната Водолија ” – сарказам, повлекување во себе и бегање од оние кои ги повредиле.

Девицата се плаши дека другите ќе ја „провалат“

Припадниците на овој знак навикнати се да носат маска на ладнокрвност, која ретко можат да ја симнат, но баш таа се користи да се скрие внатрешната несигурност. Нивниот основен комплекс е дека не се така добри, ведри, способни или шармантни колку што луѓето ги доживуваат, па чуствуваат постојан притисок за да остават добар впечаток. Во стресни ситуации ги преземаат карактеристиките на „негативните Риби“ – плачливи се, емотивни, деструктивни и хистерични.

Вагите се плашат од оговарање

За припадниците на овој знак нивнaта репутација во друштвото им е многу важна, а најголема несигурност им претставува идејата дека другите зборуваат лошо за нив,  зборуваат за нивните недостатоци или погрешно ги толкуваат нивните постапки. Се плашат дека поради тоа другите ќе ги отфрлат и имаат мала доверба во тоа колку им значат на другите. Во стресни ситуации ги преземаат карактеристиките на „негативниот Овен ” – стануваат агресивни, викаат и се караат.

Шкорпијата има потреба да биде паметна

Припадниците на овој знак немаат многу комплекси, но една несигурност често ги следи – случајно да не не ги доживувате како многу паметни или способни. Ако  се чуствуваат дека се изложени на критика или ранливи, мислат дека другите би можеле тоа  да го искористат и стекнат предност пред нив. Во таквите ситуации ги преземаат карактеристиките на „негативните Бикови ” – стануваат завидливи и пасивни.

Стрелецот се плаши дека ќе биде заборавен

Иако делуваат како неамбициозни и филозофски настроени, припадниците на овој знак имаат голема потреба да им се допаднат на сите. Важно им е сите да ги памтат по добро, а сите критики на своја сметка ги сваќаат лично. Ако не добијат пофалба на своја сметка за својата работа или однесување, се појавува комплекс на мала вредност. Тогаш ги преземаат карактеристиките на „негативните Близнаци ” – стануваат површни, зборуваат неповрзано, вознемирени се и многу непријатни во комуникација.

Јарците се плашат да не бидат повредени

Припадниците на овој знак многу се несигурни и недоверливи кога емоциите се во прашање. Сметаат дека не се дорасните за туѓите игри и се плашат како да ја искажат својата доверба и чуства на другите, а да не бидат повредени. Поради тоа, тие глумат ладнокрвност, но во стресни ситуации таа ранливост доаѓа до израз. Тогаш ги преземаат карактеристиките на „негативните Ракови ” –  не зборуваат, посесивни се, љубоморни и многу емотивни.

Водолијата крие недостаток на доверба

Иако делуваат дека мислењето од околината не ги интересира премногу, припадниците на овој знак често го кријат својот недостаток на самодоверба. Меѓутоа, бидејќи не сакаат да се вклопат во толпата, но сакаат да останат индивидуалци, глумат дека осудите од другите не ги интересираат. Истовремено стравуваат дека луѓето за  кои се  грижат, лесно можат да ги заменат. Во стресните ситуации ги преземаат карактеристиките на „негативните Лавови” – не сакаат да слушаат, бегаат од кавга и се обраќаат од високо.

Рибите се плашат од „земање здраво за готово

Припадниците на овој знак по правило не се несигурни, само премногу размислуваат за човечките односи. Еден од тие стравови е дека другите ќе ги сфатат „здраво за готово”.  Исцрпени со грижата за другите, уморни и разочарани, Рибите во стресни ситуации ги преземаат карактеристиките на  „негативните Ваги” и стануваат критични, ладни, перфекционисти и ни малку не бираат зборови со кои ќе ги повредат другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот