Хороскопот вели: Ова е вашата лоша страна!

ренесанса
Фото: Carl Bloch - In a Roman Osteria (1866)

Човек без добра и лоша страна не постои, но карактерот се гледа во балансот и менаџирањето на импулсите. Ако умеете да ја препознаете својата лоша страна, тогаш сте на добар пат да господарите со себе и да ги избегнете негативните исходи.

На оваа тема, хороскопот вели вака:

Овен

Познати сте по своите избрзани, детинести и незрели одлуки. Но, можеби токму оваа карактеристика ве издвојува од толпата.

Бик

Тврдоглавоста, посесивноста и воодушевувањето од материјалните добра некогаш доминираат со вашата личност.

Близнаци

Индивидуалисти кои ако не се во центарот на вниманието, можат да бидат незаинтересирани и нефокусирани на проблемот.

Рак

Емотивни сте и некогаш тоа оди во лоша крајност и наместо емпатија, кај останатите предизвикува желба да избегаат.

Лав

Шармантни сте, сакате внимание и лесно го добивате, но внимавајте да не останете префокусирани на себе и своето его.

Еклипсата на 30 април најмногу ќе влијае на овие четири хороскопски знаци

Девица

Точно знаете што сакате и целите кон тоа, но вашата борба некогаш е толку брутална, што може да ги нервира другите.

Вага

Планирате, размислувате и анализирате и некогаш ви треба цела вечност за да донесете дури и наједноставна одлука.

Скорпија

Страствени сте, но не сакате да вложувате преголеми напори за да го добиете она што го сакате, бидејќи сте убедени дека и онака ви следува.

Стрелец

Многу сте директни и несуптилни во искажувањето на своите мислења, без да размислите дали некого повредувате.

Еклипса на Сонцето и млада Месечина на 30 април: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Јарец

Сакате да имате преголема контрола врз она што се случува околу вас, а бидејќи тоа е невозможно, лесно губите нерви.

Водолија

Логични сте и трошите многу време во анализирање на ситуацијата, а не секогаш тоа води кон добар исход.

Риби

Сонувате, фантазирате и сакате авантури, тоа не е лошо, но трикот е во тоа да успеете да останете и приземјени, што не секогаш ви оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот