Хорор во Америка: Маж со кола влета во толпа – повредени се најмалку 15 луѓе, некои и критично

Пијан маж во Лузијана со неговиот автомобил влета во толпа за време на парада на заедницата во саботата, при што беа повредени повеќе луѓе, некои од нив критично, објави „Ројтерс“.

Државната полиција на Луизијана соопшти дека го уапсила 57-годишниот Тод Ландри и го товари за возење во алкохолизирана состојба, 18 точки за тешко повредување од небрежност од прв степен и за несовесно управување со возило по инцидентот во Нова Иберија, Луизијана.

Тој е обвинет и дека во возилото имал отворено шише со алкохолен пијалак.

Инцидентот се случил за време на прослава на Лаошката Нова година, се наведува во соопштението на државната полиција на Луизијана. Повеќе пешаци биле удрени од возилото додека Ландри управувал со него.

Претходно, Канцеларијата на шерифот на округот Иберија соопшти дека се повредени најмалку 15 луѓе.

ВИДЕО | Автобус излета од патот во Турција, 4 загинати, 13 повредени

Ландри покажувал знаци на пијанство, а примерок од издишан воздух покажал дека имал концентрација на алкохол во крвта од 0,137 отсто, соопшти полицијата. Законската граница за возачи во повеќето американски држави е 0,08 отсто.

Лекарската служба „Акејдијан ембуленс“  објави на социјалните мрежи дека пренела 13 луѓе во болница. Двајца од нив биле транспортирани со хеликоптер, објави службата на „Икс“.

ВИДЕО | Автомобил влета во група луѓе што напуштаат диско во Холивуд, десетици повредени, возачот е застрелан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот