Холштајн: Русија ги прекршува најелементарните правила на меѓународниот поредок и меѓународното право

Н.Е. Анке Холштајн, амбасадор на СР Германија во РСМ/Фото: Германска амбасада

Амбасадорката Холштајн го образложува ставот на Сојузна Република Германија за руско-украинскиот конфликт

Со воениот напад на Украина, Руската влада пред очите на светот, на начин кој е без преседан, ги прекршува најелементарните правила на меѓународниот поредок и меѓународното право. Прикажувањето на руската влада, дека тоа е „миротворна“ мисија, ја изопачува Повелбата на Обединетите нации. Претставува срам што Белорусија учествува во тоа.

Руската влада сама го избра овој пат на еднострана агресија. Ниту Украина ниту НАТО ниту другите направија нешто што го оправдува ова крвопролевање. Претседателот Путин отворено го доведува во прашање правото на егзистенција на Украина, со тоа што фалсификува историски факти. Тврдењето дека НАТО ја опколило Русија и ја принудило на овој чекор е груба лага. Нема геноцид во Источна Украина, како што тврди Путин.

Во изминатите месеци се обидовме да направиме сè, за на дипломатски начин да најдеме мирно решение за оваа руска криза. Руската влада не ги прифати нашите понуди за разговор.

Ќе имаме блиска координација во рамките на ЕУ, во рамките на НАТО, во рамките на Г7 и, се разбира, со Украина.  Ќе го донесеме целиот пакет со најмасивни санкции против Русија. И ќе ги засилиме нашата безбедност и нашите сојузнички партнери.

Денес не станува збор само за Европа. Ниедна земја во светот не може да прифати дека суверенитетот на другите е на располагање, ако тоа го сака неговиот посилен сосед. Меѓународната заедница не може да прифати дека неоправдано се прекршуваат основните начела на Повелбата на Обединетите нации, особено забраната за насилство.

Благодарни сме што Владата на Северна Македонија, како и ние, исто така се залага за почитување на Повелбата на Обединетите нации и на основните принципи на ОБСЕ и заедно со нас се спротивставува на оваа агресија.

Санкциите против Русија, цените во пораст и падот на акциите на берзите ќе се одразат и врз Германија и врз Северна Македонија. Ако сега не се заложиме решително за тоа, ќе платиме уште повисока цена.

Повелбата на Обединетите нации е основата за живот во благосостојба и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот