Холивудските ѕвезди повикуваат на историски промени со глобално нуклеарно разоружување

Фото: Profimedia

Големите холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Џулијан Мур, Џејн Фонда и Ема Томпсон, ги додадоа своите потписи на отвореното писмо во кое бараат глобално нуклеарно разоружување од светските лидери.

Биографскиот филм на Кристофер Нолан „Опенхајмер“, за човекот кој ја создаде атомската бомба, се очекува да доминира на Оскарите викендов во Лос Анџелес, поради што коалицијата на познати актери и активисти одлучија да ги едуцираат луѓето за актуелната нуклеарна закана што му се заканува на светот во кој живееме, пренесува лондонски „Гардијан“.

Во писмото се потсетува дека 13.000 парчиња нуклеарно оружје, околу 80 пати помоќни од оние што беа употребени за уништување на Хирошима и Нагасаки во 1945 година, држат девет земји, нуклеарни сили.

„Како уметници сакаме да го кренеме гласот и да ги потсетиме луѓето дека Опенхајмер е дел од историјата, но нуклеарното оружје не е. Во време на голема неизвесност, дури и едно нуклеарно оружје – на копно, на море, во воздух или во вселената – е премногу“, се наведува, меѓу другото, во отвореното писмо на холивудските ѕвезди кои бараат денуклеаризација.

Внукот на Џеј Роберт Опенхајмер, Чарлс, исто така го додаде неговото име на писмото заедно со некои ѕвезди од филмот, вклучувајќи ги Тони Голдвин и Метју Модин.

„Секој човек треба да биде едуциран за неверојатната деструктивна моќ на нуклеарното оружје“, рече Модин. „Разбирањето на заканата го осветлува неопходниот пат кон нивна елиминација“.

Други имиња вклучени во отвореното писмо се Мајкл Даглас , Елен Бурстин, Алан Каминг, Бил Нај, Кристоф Валц, Лили Томлин, Виго Мортенсен и Ени Ленокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот