Кендра Вилкинсон - Фото: Инстаграм/Кендра Вилкинсон

Холивудскиот хит за слабеење не запира – и поранешната Плејбој-зајачица ќе почне да користи лек за дијабетичари за да ослабе

Кендра Вилкинсон, позната како поранешна Плејбој-зајачица, откри дека ќе почне да користи популарни GLP-1 лекови за слабеење. Со тоа се приклучува на сè подолгата листа на познати личности кои се потпираат на лекови првично наменети за дијабетичари за да ја регулираат телесната тежина, пишува „Ју-ес тудеј“.

Вилкинсон, која наполни 40 години, неодамна објасни како ја донела таа одлука и каков е нејзиниот план за постигнување на посакуваната форма.

Кендра Вилкинсон – Фото: Инстаграм/Кендра Вилкинсон

„Морам да се вратам во старите фармерки“

„Нема ништо полошо од тоа секој ден да бидеш во теретана, да вежбаш и да не гледаш никаков напредок. Наполнив 40 години. Среќна сум, но забележав дека фармерките во последно време ми се малку тесни, а не сакам да одам во шопинг. Сакам да внимавам на буџетот, па морам да се вратам во моите стари фармерки. Затоа го започнувам ова патување следната недела“, изјави таа.

Кендра Вилкинсон – Фото: Инстаграм/Кендра Вилкинсон

Вилкинсон додаде дека планира постепено да губи тежина, не сака да биде премногу слаба, само сака да влезе во своите фармерки.

„Моментално имам малку вишок килограми, па ќе почнам да земам инјекции за слабеење. Но, освен тоа, само излезете и играјте. Знаете, животот е убав надвор“.

Лековите за дијабетес станаа хит за слабеење

GLP-1 лековите, кои вклучуваат семаглутид, а се продаваат под имињата Оземпик и Вегови, првично се одобрени за лекување на дијабетес. Делуваат така што влијаат на производството на инсулин во панкреасот, но имаат и ефект на побрзо создавање чувство на ситост.

Предупредувања од експертите за несаканите ефекти

Здравствените експерти издадоа предупредувања за оние што ги користат овие лекови како „брзо решение“. Ново истражување на Универзитетот во Оксфорд, објавено во „British Medical Journal“, анализирало 37 студии со повеќе од 9.000 луѓе. Истражувањето покажало дека корисниците брзо ги враќаат килограмите по прекинот на терапијата, и тоа значително побрзо од луѓето кои следат традиционални диети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот