Холандија и Данска сепак нема да пратат тенкови „Леопард 2“ во Украина?
Германскиот весник „Ди Велт“ објави дека владите на Холандија и Данска се премислиле околу нивните одлуки да испратат напредни тенкови „Леопард 2“ како воена помош за Украина.
Препорачано
Данската влада, која има 44 тенкови во својот арсенал, изјави за „Велт“ дека нема да учествува во т.н. германска „тенковска коалиција“. Сепак, и Холандија и Данска ветија финансиски средства за реставрација на 100 тенкови од типот Леопард 1, кои се наоѓаат во германските магацини.
Весникот наведе дека информацијата е потврдена од двете влади. Данските власти сѐ уште не го коментираа извештајот, но во средата холандскиот премиер Марк Руте изјави дека неговата земја и натаму го поддржува испраќањето на овие тенкови во Украина, но не може таа да ги испрати, бидејќи технички не се холандски, туку германски.
18-те тенкови „Леопард 2“ кои ги има Холандија се изнајмени од Германија, а Руте вели дека Холандија нема проблем да ги испрати на боиштата во Украина.
Киев очекува многу од модерните германски тенкови, а повеќе западни земји, меѓу кои и Холандија и Данска, ветија дека ќе испратат вкупно преку 100 единици „Леопард 2“.
Холандски ловци пресретнаа руски воени авиони во близина на Полска


