Хит! Синот на Фиби повеќе личи на Рос од „Пријатели” отколку на нејзиниот сопруг (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Хит! Синот на Фиби повеќе личи на Рос од „Пријатели” отколку на нејзиниот сопруг (ФОТО)

Кога и да објави фотографија со својот син, неколку стотици фанови се согласуваат дека Џулијан неодоливо потсетува на колегата на Лиса од серијата „Пријатели“.

Лиса останала бремена за време на снимањето на серијата „Пријатели”, што сега дополнително ги интригира фановите на серијата и странските медиуми.

Лиса Кудроу (56), најпозната по улогата на шармантната и шегобијката Фиби во популарната серија “Пријатели”, во 1995-та година се омажила за 18 години постариот Мајкл Стерн (74), француски извршен директор за реклами.

профимедиа

Три години подоцна на свет го донела синот Џулијан Мареј Стерн, кој денес има 21 година, но и натаму најмногу време сака да минува со својата мајка, додека Лиса истакнува дека нејзината омилена активност и е гледање на комедии со синот.

профимедиа

На прашањето зошто застанала на само едно дете, убавата актерка вели:

“Тоа е подарок за Џулијан, тој не сака брат или сестра. Јасно ми даде до знаење од моментот кога почна да зборува”, изјави таа.

Младиот Џулијан има многу таленти и страсти, моментално работи како дизајнер за специјални ефекти за филмови. Лиса останала бремена за време на снимањето на серијата “Пријатели”.

профимедиа

Кога и да објави фотографија со својот син, неколку стотици фанови се согласуваат дека Џулијан неодоливо потсетува на колегата на Лиса од серијата – Дејвид Швимер (52), кој го глумеше ликот Рос.

профимедиа

Очигледна е сличноста меѓу актерот и младиот Џулијан, а фановите се прашуваат дали е тоа само случајност или нешто повеќе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close