Хисени: Oпозицијата се обидува да создаде кризни ситуации

Блерим Хисени, аналитичар, Фото: Архива

Приближната бројка на пратеници помеѓу албанските партии на власт и опозиција ја интензивира политичката дебата и тенденцијата да се предизвикуваат разни политички кризи.

Албанската опозиција се обидува да создаде кризни ситуации во моментот, а дебатата и конкуренцијата не се прават врз основа на конкретни понуди, туку врз основа на тековни политики, вели во изјава за „Слободен печат“, аналитичарот Блерим Хисени.

– Верувам дека пристапот на опозицијата треба да биде да ги демаскира политиките на партиите на власт преку конкретни понуди и особено тоа треба да се случи кога ќе сметаме дека на есен имаме локални избори. Мислам дека ова се случува во отсуство на јасна кауза што опозицијата треба да ја изгради и за жал немаат „бренд“ со кој ќе ја идентификуваат својата визија за иднината- нагласува Хисени.

Според него, конкуренцијата е пожестока од кога било досега и ова е резултат на неодамнешните парламентарни избори затоа што бројките диктираат и ги зголемуваат амбициите за активна политика во смисла на демаскирање на политиките на владејачките партии. Но тоа, според Хисени, не е доволно затоа што граѓаните сакаат да направат јасна разлика помеѓу политичките понуди.

Небиу: ДПА му „чуваше грб“ на ДУИ, Алијансата и Алтернативата и дишат во врат

Груби: Граѓаните бараат решенија, а не блокади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот