Хилари Даф го нападна папарацото кое ги фотографираше нејзините деца! (ВИДЕО)

Хилари Даф на Инстаграм објави видео од судирот со фотографот кој ги фотографираше децата додека играа фудбал, помеѓу кој беше и нејзиниот син Лука.

„Папараци кои снимате деца, идете „вежбајте“ го фотографирањето на возрасни. Чудаци! Законите мора да се променат! Ова е демнеење на малолетници. Одвратно“, напиша актерката покрај снимката која ја сними со својот мобилен.

Даф му пријде на фотографот и го запраша дали познава некој на теренот, а кога ѝ одговори дека не знае, го замоли да престане да ги фотографира децата. Упорниот папарацо тврдеше дека тоа е легално и покажа дозвола, што не беше доволно за мајката на две деца. Тој и одговори дека само вежба фотографија, а нејзината параноја ја нарече неоправдана.

„Ќе го споделам ова со моите 15 милиони пријатели на Инстаграм и ќе им дадам до знаење колку е језиво тоа што си избрал да го правиш во сабота наутро“, порача Даф на снимката и тоа го направи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот