ХЕРОЈОТ КОЈ ВО ВИКЕНДИЦА ЈА НАШОЛ МОНИКА: Му викнав на синот „дај ми пиштол“ иако го немавме, Малчанскиот бербер побегна низ прозор

Тој раскажал дека сосема случајно со синот одлучиле да поминат до викендицата која ја поседувале во ова село, а во која не живеел никој.

Емил Живиќ од Ниш, кој вчера во својата викендица во селото Пасјача го пронашол киднапираното девојче Моника Каримовиќ, за „Блиц“, изјавил дека се уште е под стрес поради се што се случило, но дека е пресреќен бидејќи девојчето е живо.

Тој раскажал дека сосема случајно со синот одлучиле да поминат до викендицата која ја поседувале во ова село, а во која не живеел никој.

– Поминувавме со синот и одлучивме да ја посетиме викендицата. Кога се доблуживме видов дека е отворена подрумската врата, па отидов до неа за да ја затворам. Веројатно монструмот на спратот во тој момент слушнал тропање. Син ми го виде од прозорецот, бидејќи тој веднаш се обидел да излезе од другата страна – раскажува Живиќ за Блиц.

Како што тој раскажал, бил свесен дека мора брзо да се снајде и да импровизира.

– Му викнав на мојот син „дај ми пиштол!“ Иако немаме оружје, сепак морав да се снајдам. Тој човек веднаш истрча од другата страна на прозорецот, па преку тераса скокна на земја. Се најде очи во очи со мојот син“, ја опишува драматичната ситуација овој храбар маж.

Како што рекол тој, Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, веднаш побегнал преку ливадата во непознат правец.

– Тргнав по него за да видам во кој правец ќе се движи и повикав полиција – рекол Живиќ.

Тој за Блиц открил и дека не очекувал дека Јовановиќ со девојчето би можел да се крие во неговата викендица, бидејќи знаел дека потрагата се базила во селата околу Књажевац, кој бил одалечен на околу 40 километри од Пасјаќ.

Тој рекол и дека бил многу вознемирен поради целото тоа, но дека му станало полесно кога видел дека девојчето нема повреди по лицето.

– Беше бледа како и сега. Само ја погледнав во лицето, видов дека нема повреди и тогаш се израдував. Три пати се прекрстив во име на Бог – раскажува овој човек кој го спаси девојчето за српски Блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот