Фото: EPA-EFE/Alastair Grant/POOL

Хаверц со хет-трик за Челси во Лига купот (ВИДЕО)

Челси вечерва заедно со Њукасл беа најефикасни во Лига купот за пласман во наредната фаза. Лондонските „сини“ на „Стемфорд бриџ“ со 6:0 го декласираа составот на Барнсли.

Во редовите на менаџерот Френк Лампард се прослави новото засилување Каи Хаверц кој запиша хет-трик.

Германскиот интернационалец своите три гола ги запиша во 28, 55 и 65 минута од средбата, а по еднаш во листата на стрелците се најдоа уште Абрахам, Баркли и Жиру.

Њукасл како гостин дури седумпати ја затресе мрежата на Морекомб (0:7), а Евертон ја оправда фаворитската улога кај Флитвуд (2:5).

Арсенал благодарение на автоголот на Фукс и голот на Нкетиа триумфираше над Лестер (0:2) на „Кинг пауер“ стадионот.

Во останатите дуели: Фулам-Шефилд веднздеј 2:0, Милвол-Барнли 0:2, Престон-Брајтон 0:2 и Стоук-Гилингам 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот