Арбен Таравари во хирургија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Хаваријата со хируршките сали нема крај: Пропадна тендерот за менување на компресорската станица

Ниту една фирма не се јавила на тендерот што беше објавен за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух од кој зависат сите хируршки клиники во Клинички центар. Тие со месеци работат со надворешни компресори, кои во два наврати откажале – еднаш за време на операција на дете, а вториот пат кога бил опериран болен од карцином.

Информацијата дека тендерот пропаднал, за „Слободен печат“ ја потврдија од Службата за заеднички работи при Клинички центар. На 28 јуни тие распишале тендер а фирмите имале краен рок да достават понуди до вчера во 11 часот.

Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ. Во тендерската документација беше предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.

Посета на локација побараа три економски и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда.

Заради напред наведеното денес од страна на Јавната установа од областа на здравството донесена е одлука за поништување на постапката, известени се Министерството за здравство и Владата и побарани се натамошни насоки за постапување, велат за „Слободен печат“ од Јавна установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот