Харви Вајнстин побара судот да му ја поништи пресудата за силување

Фото: Профимедиа

Осудениот холивудски продуцент Харви Вајнстин (69) вчера побара од Апелациониот суд во Њујорк да ја отфрли пресудата за сексуален напад и силување, според која тој е виновен, и да отпочне ново судење.

Вајнстин беше осуден во март 2020 година од судијата Џејмс Бурк, во Судот во њујоршката општина Менхетн, на 23 години затвор, за напад врз поранешната помошничка Мими Хејли и за силување на глумицата Џесика Ман.

Тој негираше дека постоеле сексуални односи без заемна согласност. Вајнстин изнесе неколку аргументи со намера да ја поништи одлуката на судијата, кој неговите адвокати го нарекоа „ужасно неквалификуван да изрече толку строга казна“.

Тој смета и дека судијата направил неколку грешки со што ја ускратил непристрасноста на поротата. Доколку му биде поништена казната, Вајнстин се соочува со обвиненија од пет други жртви од Лос Анџелес во времето од 2004 до 2013 година, за што му се заканува казна затвор од 140 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот