Харадинај до Курти: Ти му се предаде на српскиот режим, но специјалците не се предадоа на 24 септември

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“.

Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември.

Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.

„За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија“, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.

На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите.

Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада.

Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“.

„Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер“, Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот