Хана Хуљиќ Грашо го напушти породилиштето: Први фотографии од Алба

петар грашо хана хуљиќ
Фото: Принтскрин / Instagram

Хана Хуљиќ Грашо, младата хрватска музичарка, ќерка на Тончи Хуљиќ и сопруга на пејачот Петар Грашo, се породи пред неколку дена во Сплит. Таа утрото пристигнала во сплитското породилиште, а во тој момент во Загреб бил нејзиниот сопруг Петар Грашо поради деловни обврски.

Како што пишуваат хрватските медиуми, двојката својата ќерка ја нарекла Алба, а според Тончи тоа име не било случајно избрано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke


„Петар и Хана однапред се договориле малечката да се вика Алба. Тоа е име со латинско потекло и доаѓа од зборот albus (бело, светло). Алба на италијански и шпански значи зора, па може да се каже дека девојчето го добило името по таткото на Петар, Зоран. Инаку, да беше момче, ќе се викаше Тончи, по мене и дедо му на Петар“ – изјавил музичарот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Петар Грашо не бил со сопругата бидејќи веста за породувањето ја добил додека бил во Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke


Хана вчера го напушти сплитското породилиште и со ќерката се упати кон нивниот заеднички дом, а хрватските медиуми ги објавија првите фотографии од среќната мајка.

За излегување од болница Хана избра удобен миди фустан со цветен дизајн во комбинација со рамни златни сандали. Малечката Алба беше повиена во памучно виолетово ќебенце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот