Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Халанд постави нов рекорд: Ги остави зад себе Ван Нистерлој и Салах

Манчестер Сити по првиот натпревар од четврфиналето во Лигата на шампионите против Баерн има одлична предност од убедливи 3:0, а во листата на стрелци на оваа средба се запиша и Ерлинг Халанд.

Голот Халанд во овој натпревар беше 45-ти во сезоната и така постави уште еден рекорд. Имено, Халанд стана најефикасниот фудбалер на еден клуб од Премиер лигата во една натпреварувачка сезона.

Напаѓачот на Манчестер Сити го надмина достигнувањето на Руд Ван Нистерлој од сезоната 2002/2003 и на Мохамед Салах од сезоната 2017/2018.

За нов рекорд на Халанд му беа потребни само 39 натпреари, додека Холанѓанецот и Египкќанецот до таа бројка стигнаа по 52 натпревари.

Халанд од доаѓањето на Островот постави бројни голгетерски рекорди, а овој ќе биде само уште еден во низата.

До крајот на сезоната Халанд може да стане и најдобар стрелец во историјата на една сезона во Премиер лигата, во овој момент има 30 голови, а пред него се Енди Кол и Алан Ширер со по 34 гола што значи дека Норвежанецот треба да постигне пет гола во последните девет натпревари за да избие на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот