Хајредини за демантите: Реков „бомби“, а не „необјавени бомби“

Џевдет Хајредини / Утрински брифинг
Артан Груби во својата реакција до мене, во право е само за една работа – за мојата возраст – пишува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во реакција до „Слободен печат“ на претходните деманти упатени до него од вицепремиерот за политички систем Артан Груби и од премиерот Зоран Заев.

Груби и Заев изјавија дека се „целосно невистинити“ тврдењата на Хајредини, дадени во настап на ТВ 24, дека „Заев го направил моќен Артан Груби“ со тоа што му дал прислушувани разговори, односно „бомби“, меѓу кои имало и такви што се однесуваат на Ахмети. Груби оцени дека изјавите на Хајредини се „ниски клевети“, кои, како што рече, не му доликуваат поради неговите поодминати години.

„Јас, господине Заев, на ТВ24 не сум рекол ‘необјавени бомби’, туку сум рекол само ‘бомби’, што, ќе се согласите, и за Вас не е исто. Груби, пак, во својата реакција е во право само кога ја споменува мојата возраст. Но, јас, не само по моја заслуга, навистина сум во добра и физичка и психичка состојба, за да ширам за него ‘невистинити и ниски клевети’. За сè друго, ако треба – во друга пригода“, пишува Хајредини во кусата реакција до „Слободен печат“.

Груби за „Слободен печат“: Ниски обвинувања и клевети се исказите дека сум добил „бомби“ од Заев

Заев за „Слободен печат“: Не е точно дека некој некому дал некакви „бомби“ за да биде моќен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот