Груби за „Слободен печат“: Ниски обвинувања и клевети се исказите дека сум добил „бомби“ од Заев

Артан Груби
Артан Груби / Фото: Facebook

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во изјава за „Слободен печат“ категорично ги отфрла како невистинити и ниски клевети обвинувањата на поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини дека премиерот Зоран Заев му дал необјавен материјал од „бомбите“ со цел да стане „моќен“ во ДУИ.

– Ниска клевета што не одговара на неговата возраст, но верувам дека тие се последица на возраста. Леснотијата да се кажуваат лаги и истите да се шират во медиумите е за секое жалење – рече Груби за „Слободен печат“.

Заев за „Слободен печат“: Не е точно дека некој некому дал некакви „бомби“ за да биде моќен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот