Гвардиол изненади пред дербито, размислувал да ја прекине кариерата
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол денеска ќе биде дел од ново англиско дерби со неговиот Манчестер сити од 17:30 часот го пречекува Ливерпул. Во пресрет на големиот дуел, младиот дефанзивец се потсети на почетоците од својата кариера и откри интересна приказна од младоста.
Препорачано
Иако денеска важи за еден од најсигурните стопери во европскиот фудбал, Гвардиол призна дека како тинејџер сериозно размислувал да го напушти фудбалот и да се посвети на кошарката.
„Да, тогаш размислував да ја прекинам кариерата. Во тоа време имав 16-17 години, често бев на клупа и се прашував дали ќе успеам. Многу сакам и кошарка. Сите мои пријатели тогаш играа, па размислував дали да им се придружам. Во тие моменти тоа ми беше спорт број еден“, изјави Гвардиол.
Среќа за него, но и за хрватската репрезентација, Гвардиол сепак останал верен на фудбалот, одлука која денес му го донесе статусот на еден од најперспективните дефанзивци во светот.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


