Гутереш: Со децении сме во војна против планетата

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш пред почетокот на Конференцијата на ОН за климата (ЦОП25) во Мадрид, денеска изјави дека човештвото треба да ја прекине војната со природата.

– Со децении човековиот вид е во војна против планетата и планетата возвраќа удар за удар. Треба да ја прекинеме нашата војна против природата и науката ни говори дека можеме да го направиме тоа, посочи Гутереш.

Тој ги осуди „целосно недоволните” обврски што земјите ги презедоа за намалување на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

– Светот има научно знаење и технички способности да го одржи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, колку што е одредено со Парискиот договор за климата, но оти недостига политичка волја за тоа, посочи Гутереш.

Тој пред утрешниот почеток на двонеделната Меѓународна конференција за климата во Мадрид најави дека нов специјален пратеник за акција за климата и финансирање за климата ќе биде гувернерот во заминување на Банката на Англија, Марк Крани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот