Гутереш: По пандемијата многу земји ќе бидат во рецесија

Тој додаде дека креативноста, како и интензитетот на одговорот, мора да одговараат на уникатната природа на кризата.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека целиот свет е во војна со коронавирусот и оти по пандемијата многу земји ќе бидат во рецесија.

– Нашиот свет се соочува со заеднички непријател. Ние сме во војна со вирусот, рече Гутереш преку видео прес конференција.

Тој додаде дека креативноста, како и интензитетот на одговорот, мора да одговараат на уникатната природа на кризата.

– Се наоѓаме во ситуација без преседан и нормалните правила повеќе не важат. Не можеме да посегнеме по вообичаените средства во овие невообичаени времиња, истакна Гутереш.

Тој ги повика светските лидери да се придружат на напорите во глобалниот одговор на заканата, велејќи дека трите главни цели се отстранување на опасноста за здравјето на луѓето, социјалната поддршка и обнова на економиите.

– Дури и во најбогатите земји, гледаме дека здравствените системи паѓаат под притисокот, рече Гутереш.

Тој истакна дека економската рецесија предизвикана од пандемијата може да влијае на земјите во развој и додаде дека Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и другите меѓународни финансиски институции ќе играат клучна улога.

– Децата исто така ќе платат голема цена. Повеќе од 800 милиони деца во моментов не се на училиште, а многу од нив во училиште го имаат единствениот оброк. Треба да обезбедиме сите деца да имаат пристап до храна, рече Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот