Ѓуриќ: Повлекувањата на признавањата на Косово, важно за српската преговарачка позиција

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека повлекувањата на признавањата на Косово како независна држава се многу важни за идната преговарачка позиција на Србија, но и показател за ангажираноста на државните авторитети за одбрана на српските интереси на Косово.

Тој додаде дека српскиот претседател Александар Вучиќ со своите делувања за одбрана на српската позиција во меѓународната заедница, донесе пресврт во меѓународната заедница и дека порано над 110 земји ја признаа независноста на Косово, но денеска таа шифра е намалена на половина од членовите на Советот за безбедност на ООН, пишува Танјуг.

Ова реакција доаѓа после пишувањата дека Сиера Леоне е 18-та земја која ја има повлечено својата одлука за признавање на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот