Гуџуфи од следната сезона во првиот тим на Бешикташ!?

Бесар Гуџуфи е голема надеж на македонскиот фудбал/Фото: facebook.com/besar.guxhufi.1

Како што информира Мурат Озен од Турција, македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од следната натпреварувачка сезона ќе настапува за првиот тим на Бешикташ.

Големата македонска фудбалска надеж има моментно 17 години и настапува на позицијата лево крило.

Гуџуфи на 29 мај ќе наполни 18 години по што ќе се стекне со правото да потпише професионален договор.

Според најавите се очекува да потпише петгодишен договор со Бешикташ до 2027, а тоа според изворот ќе се случи во првата недела на јуни.

Досега нашиот интернационалец ги бранеше боите на У19 имот на Бешикташ. Пред да се пресели во Турција, беше дел од екипите на Вардар и Беласица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот