Групната изложба „Мал формат“ на ДЛУМ ќе биде поставена во КИЦ
Друштвото на ликовни уметници на Македонија, под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија, на 2 ноември, во 20 часот, ќе ја отвори групната изложба „Мал формат“. Изложбата е поставена во Културно-информативниот центар (КИЦ), салон „Империјал 1“, во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив е да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин за да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
На изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела (некој од нив со по две дела). Се изразуваат во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми.
На отворањето на изложбата ДЛУМ ќе додели една награда за мал формат. Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември оваа година.


