Плакат за концертот на „Фолтин“ во Скопје

Групата „Фолтин“ по повод 30-годишниот јубилеј ќе одржи концерт во Скопје

Музичка вечер исполнета со рафиниран звук, бујни емоции и уметничка енергија ќе донесе концертот на групата „Фолтин“, што ќе се одржи на 22 ноември во салата на Македонската филхармонија во Скопје. Концертот е во организација на „МГ Мјузик продукција“.

Основани во 1995 во Битола, „Фолтин“ веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз. Нивниот стил – „псевдо-емигрантско кабаре“ – е магичен амалгам од традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс.

Со десетина албуми и музика за многубројни театарски претстави и филмови („Плати и жени“, „Исцелител“, „Медена земја“…), тие ја потврдија својата оригиналност и автентичност и дома и во светот.

Група „Фолтин“ / Фотографија: Весна Пукиќ

На оваа специјална вечер, за првпат во салата на Македонската филхармонија, ќе бидат изведени и композиции од нивниот богат опус, кои не често се изведуваат во живо, што ќе биде неповторлива можност за сите вистински љубители на музиката на „Фолтин“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 308, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-23.11.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот