Груевски беше сервисиран од разни структури и не му било тешко да избега, вели Ѓунер Исмаил

Ѓунер Исмаил
Ѓунер Исмаил / Утрински брифинг

Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил во вечерашната емисија „Само интервју“ рече дека смета оти „ќе дојде ден кога ќе се надмине срамот, кој што ни го приредија чудни луѓе советувани од чудни страни, од коишто некои не се тука“, алудирајќи на поранешниот премиер Никола Груевски.

Исмаил вели дека на Груевски веројатно не му било тешка и компликувана операцијата за бегство од земјава, бидејќи тој бил „сервисиран од разни структури“.

„Не избега под чудни околности. Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури. Не би се осмелил да кажам дека било дело на компромис, но ако еден ден се дознае дека имало и таков компромис, нема да бидам изненаден. Сега сепак не би бил сигурен дека е така. Змам дека беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство од Скопје до Будимпешта не беше така комплицирана операција“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот