Груби: Власите се составен дел од мултиетничкото општество

Фото: Влада на РСМ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби упати честитка до припадниците на влашката заедница во државава по повод 23 мај, Национален ден на Власите.

„Власите се составен дел од мултиетничкото општество во Република Северна Македонија. Одбележувањето на 23 мај, Националниот ден на Власите е една добра можност да покажеме почит кон оваа заедница и за нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Само преку почит меѓу нас, ќе можеме да се издигнеме над нас и да продолжиме да се движиме побрзо кон остварување на нашите стратешки цели како Република Северна Македонија“, се посочува во честитката од Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот