Фото: Принтскрин

Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ води во Кочани со над 40 отсто од гласовите

Според моменталните резултати од Државната изборна комисија, кандидатот поддржан од коалицијата „Твоја Македонија“ формирана од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, е во водство во Општина Кочани со освоени 40,73 отсто од гласовите, односно 1.861 глас.

На второ место е Венко Крстевски со 22,19 отсто или 1.014 гласови, додека, пак, трет е Игор Христов од СДСМ со 18,23% или 833 гласа.

Значителен резултат има и независниот кандидат Зоран Тодоров, кој освои 10,70% (489 гласа), додека кандидатката на Левица, Жаклина Филипова-Свекароска, има 2,14% (98 гласа).

Најмалку гласови досега има Даниел Глигоров од Единствена Македонија, со 0,88% (40 гласа).

Сѐ уште се обработуваат резултатите од преостанатите избирачки места, а конечниот исход ќе биде познат по завршување на пребројувањето и објавувањето од страна на ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот