Грковска: Го предадовме договорот со „Бехтел и Енка“ во ДКСК и Обвинителството, проверуваат дали има недоследности

Фото: Фејсбук

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ „21“ рече дека „во принцип, договорот со „Бехтел и Енка“ треба да биде објавен доколку во него нема клаузула која би можела да претставува пречка“.

„Договорот во суштина можно да се разгледува во Парламентот, односно понудено е од Владата да се разгледа во редактирана форма“, вели Грковска, која додава дека не е сигурна дали договорот е пристигнат, бидејќи процесот го води вицепремиерот Артан Груби.

Таа вели дека во делот кој неа ја интересира, договорот е даден во Антикорупциската комисија и Обвинителството за да се провери дали има недоследности.

За тоа зошто договорот се крие од јавноста, Грковска вели дека проценката е дека е најдобро да не се доведат во ситуација во која компанијата би можела да ги обвини дека одале деловна тајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот