1 C
Скопје

Грција ги одреди максималните цени за ковид тестови: За ПЦР – 40 евра, рапид – 10 евра

За спречување на профитерство, грчката Влада воведува плафон за цените на тестовите, како за ПЦР, така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за ковид-19 во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

– Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните. По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга, објасни Стамбулидис и соопшти дека молекуларниот тест ќе чини најмногу 40 евра, а рапид тестовите 10 евра.

Прочитајте и...  Седумнаесет милиони долари отштета за жртвите на Харви Вајнстин

Цените на ПЦР тестовите во приватните лаборатории во Грција сега се движат меѓу 70 и 90 евра.

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар