Фото: МИА

Грција ќе испрати канадер за гаснење на пожарот кај албанскиот град Фиер

Грција позитивно одговори на барањето за помош и ќе испрати авион за гаснење на пожарот кај албанскиот град Фиер.

-Соседната земја ќе испрати авион Канадер, при што ќе интервенира од воздух, бидејќи тешкиот терен ја оневозможува работата на пожарникарите. Барањето го упати албанската Агенција за цивилна заштита, бидејќи пожарот не е изгаснат веќе 6 дена и покрај напорите на противпожарните или вооружените сили, јави Топ чанел.

Министерот за одбрана Нико Пелеши изрази благодарност за помошта од Грција, во рамки на Европскиот механизам за цивилна заштита.

-Грција одговори на барањето на Агенцијата за цивилна одбрана на Албанија со авион Канадер за интервенција од воздух во срцето на пожарот во Пише Поро, во Фиер. Им благодариме на нашите соседи за помошта во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита“, напиша Пелеши во објава на Фејсбук.

Реагираше и министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

-Благодарам на Грција која во рамки на Европскиот механизам за цивилна заштита веднаш одговори на барањето на нашата Агенција за цивилна заштита со авион Канадер за воздушна интервенција во пожарите во Пише Поро и Дарезезе во Фиер, изјави Бала.

Претходно тој ја оцени ситуацијата како крајно сериозна и нагласи дека во следните часови ќе има засилување на противпожарната опрема и изјави дека е побарана интервенција на цивилната итна помош на Европската унија како и на специјализирани човечки сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот