Фото: Принтскрин

Грчките земјоделци ги повлекуваат тракторите од „Евзони“

Земјоделците ги повлекоа тракторите и другите возила од поголемиот дел од автопатиштата и од клучните гранични премини по повеќе од 50 дена, откако демонстрантите изгледа дека се уверија оти не можат да издејствуваат дополнителни отстапки од Владата, објави „Катимерини“.

До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците.

Повлекувањето, одлучено доцна во вторникот, уследи по две средби во изминатите денови меѓу делегации што ги претставуваа земјоделците демонстранти и премиерот Киријакос Мицотакис.

Поголемиот дел од земјоделците, претставени на средбите, веќе ги имаа отворено автопатиштата за сообраќај, при што некои трактори останаа паркирани покрај патиштата, како предуслов што го постави владата за да се одржат средбите.

Демонстрантите бараат повисоки субвенции и даночни олеснувања, повикувајќи се на нагло зголемените производствени трошоци. Владата делумно ги исполни нивните барања, наведувајќи дека е ограничена од буџетските можности и предупредувајќи дека долготрајните блокади на патиштата ќе доведат до полициска интервенција против протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот