Грчка компанија на Арбитража во Париз бара повеќе од 31 милион долари од Македонија

Грчката компанија Хеленик Петролеум ќе ја тужи Македонија за 31 милион долари, плус камати, а вкупниот износ би можел да биде сума поголема од 40 милиони долари, пренесува Телма.

Според овој извор, компанијата веќе ја активирала тужбата пред Арбитражниот суд во Париз, со која од државава ќе бара да ја наплати оваа сума, поради непочитување на купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА.

Со овој договор, склучен во 1999 година, македонската држава имаше обврска во период од 20 години да откупува по 500 илјади тони мазут годишно, но во периодот од 2008 до 2011 нашите власти не ја исполниле таа количина, па Грците бараат преку арбитража да ги наплатат парите. Сепак, финалната сума колку земјава ќе треба да плати, ќе се знае дури после пресудата, која се очекува да биде брзо донесена. Македонската Влада, пак, како што велат изворите, повеќе од една година не влегла во преговори за решавање на овој проблем.

Од владата велат дека вакви арбитражни постапки не се коментираат, но за се околу овој случај јавноста навреме ќе ги добие сите информации.

„Владата не коментира арбитражни постапки, поради сензитивноста на процесот. За сите нови информации, јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Владата.

Пред Арбитражниот суд во Париз, ова е втора тужба од Хеленик. Нашата држава првата ја изгуби од грчката компанија, за што плати сума од 40 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот