Грчевски: Со добра жрепка на ЕП можеме најмалку да ја минеме групата

Кристијан Грчевски/фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација на едно коло до крајот на квалификациите успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2024.

Селекторот на нашите најдобри ракометарки Кристијан Грчевски е задоволен од победата и играта против Азербејџан во Баку, а посакува квалификацискиот циклус да биде завршен со уште еден триумф.

– Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија.

Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш.

Се подрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму – вели Грчевски.

Потсетување дека нашата селекција на 7 април ќе го игра последното шесто коло од квалификациите против Литванија во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје од 18.00 часот, а влезот е слободен за јавноста.

Шпанија славеше во Вилнус, Македонија и официјално е учесник на Европското првенство 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот