Грчевски повика 20 ракометарки за клучните мечеви со Азербејџан и Литванија

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните последни два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 против Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела најдобрите македонски репрезентативки прво ќе гостуваат во Баку против Азербејџан на 3 април со почеток од 15.00 часот.

А потоа на домашен терен ќе ја пречекаат репрезентацијата на Литванија на 7 април во Скопје со почеток од 18:00 часот.

Против овие селекции славеше Македонија во првите две кола, па останува со нови добри резултати да се потврди учеството на континенталниот собир.

Во скратениот список на Грчевски се наоѓаат вкупно 20 ракометарки:

1. Јована Мицевска CSM SLATINA (ROU)
2. Драгана Петковска AEK ATHENS (GRE)
3. Јована Саздовска CSM SLATINA (ROU)
4. Сара Ристовска CSKA MOSKOW (RUS)
5. Ивана Џатевска Várda Kézilabda KFT (HUN)

6. Леонида Гичевска CSU STIINTA BUCURESTI (ROU)
7. Ангела Јанкуловска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
8. Симона Маџовска BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
9. Сара Стефаноска ZORK JAGODINA
10. Ивана Арсениевска CSM UNIREA SLOBOZIA (ROU)

11. Елена Ѓорѓијевска KONYAALTI SPOR KULÜBÜ (TUR)
12. Марија Јанкуловска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
13. Ива Младеновска BREST BRETAGNE HANDBALL (FRA)
14. Ана Марија Коларовска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
15. Катерина Дамјаноска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје

16. Јована Кипријановска SAMBRE AVESNOIS HB (FRA)
17. Андреа Седлоска RK LOKOMOTIVA ZAGREB (CRO)
18. Емилијана Ризоска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
19. Ема Кирова РК СПАРТАК
20. Ивана Гакидова KONYAALTI SPOR KULÜBÜ (TUR)

РФМ им вети премии на сениорските ракометни репрезентации за пласман на СП и ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот