Фото: Драган Митрески

Граничните премини кон Косово стануваат заеднички

Владата соопшти дека на денешната седница го разгледала и го усвоила Извештајот за извршени преговори со Владата на Косово за отворање заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е задолжен во име на Владата да го потпише договорот.

-Целта на склучувањето на овој договор е воспоставување заеднички гранични премини „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила, како и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки, информира владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот