Граничари збркале ловџија од село Град, бегал низ ниви со пушката од покојниот дедо
Инцидентот се случил кај делчевското село Град, кога полицајците го забележале ловџијата со пушката, а тој се обидел да им избега
Ловџија од Делчевско вчераутро се обидел да им избега на граничните полицајци кои сакале да го запрат кога забележале дека носи пушка, информира МВР.
Препорачано
Откако го фатиле, во близина му ја нашле и пушката „орозарка“, за која брзата полициска истрага утврдила дека му припаѓала на неговиот покоен дедо.
„На 22.01.2026 околу 09:00 часот во атар на с.Град, делчевско, кај место викано „Трендафилово“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка. Лицето кое носело пушка се дало во бегство, но набргу, по преземени мерки, е пронајдено и лишено од слобода. Констатирано е дека се работи за Т.С.(48) од с.Град. Во негова близина е пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“ за која е утврдено дека била во сопственост на неговиот починат дедо. Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 и 228 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.
Шумари заплениле комбе од дрвокрадци, судот им го вратил, па шумарите пак го фатиле при кражба


