Гранати тешки 100 тони се дислоцираат од Тумбе кафе во Битола на Криволак

Со камиони на македонската армија и со полициска и воена придружба денес од Битола почна дислокација на 12.600 пронајдени артилериски гранати кои во наредните период ќе се уништуваат на воениот полигон Криволак.

Артилериските гранати беа пронајдени под Тумбе кафе, во близина на фудбалскиот стадион во Битола.

– Остранети се 12.600 гранати кои изразени во тежина, тежат околу 100 тони. Транспортот се врши со возила на македонската армија и со полициска и воена придружба, а потоа гранатите ќе бидат унишени на воениот полигон Криволак. Акцијата ќе се спроведе со стандардна процедура и протокол, а во истата се вклучени армиски пиротехничари и професионалци од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави Димче Јошевки, раководител на оддлението на ДЗС во Битола.

Првите парчиња артилериски гранати беа пронајдени на 26 октомври, а потоа секојдневно македонските пиротехничари го откриваа и отстрануваа најголемиот заостанат експлозивен арсенал на Балканот.

– Работевме три седмици, секој ден по 12 часа со единствена цел да ги откриеме и отстраниме сите гранати. До денес како неексплодирани убиствени средства гранатите беа складирани во специјален магацин во Битола. Сите гранати се артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна и ќе бидат уништени, појасни битолчанецот Ѓорги Стефанов, пиротехничар во ДЗС.

Објектот каде се складирани артилериските гранати во Битола е со постојано обезбедување и така ќе биде се до дислокацијата на последната граната од магацинот, посочија од Дирекцијата за заштита и спасување.

На оваа одлука гранатите да се дислоцираат и уништат на Криволак неодамна реагираа од Здружението на граѓани „ЕкоВита“ од Неготино, кои велат дека составот на гранатите е непознат и сомнителен и тоа предизвикува дополнителна причина за загриженост. 

– Уништувањето на 110 тони гранати дополнително ќе го загади воздухот во Вардарскиот регион во услови на енормна аерозагаденост, стои во реакцијата од Здружението на граѓани „ЕкоВита“ од Неготино.

Наместо да се носат инвестиции, како што велат екологистите, се носи опасен отпад во Неготино, во случајот експлозивен материјал.

„ЕкоВита“ од Неготино реагира: При енормна аерозагаденост ни фалеше уште уништување на гранати на „Криволак“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот