Илон Маск и Грајмс на црвениот тепих на Мет гала во 2018 година / Фото: Profimedia

Грајмс го „молела“ Илон Маск да ги држи нивните три деца подалеку од очите на јавноста

Музичарката Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, откри дека го „молела“ нејзиниот поранешен партнер Илон Маск (53) да престане да ги покажува нивните деца во јавноста и на социјалните мрежи и дека дури се обидела и со „правни постапки“, пренесе „Пипл“.

Во објава на Икс, таа изрази загриженост дека нема механизам што би овозможил родител да ги заштити своите деца од медиумска експозиција.

„Многу сум загрижена што животите на моите деца се јавни, и секој ден размислувам како да го решам ова. Ми изгледа лудо што не постои начин да се справиме со ова. Би сакала да има закон што ќе им овозможи на родителите да ги заштитат малите деца од јавноста, но, искрено, дури ни на законот не му верувам дека би ми помогнал во оваа ситуација“, објасни музичарката

„Живееме во ерата на Дивиот Запад на информациите и демонтирањето на приватноста, што е навистина загрижувачки“, заклучи Грајмс.

Неодамна, Маск го донесе нивниот најстар син, X Æ A-Xii (4), во Овалната соба без нејзино знаење, на што Грајмс реагираше велејќи: „Не треба да биде во јавноста вака“.

Во интервју за „Тајм“, таа нагласи дека славата треба да биде прашање на избор и ги замоли луѓето да престанат да објавуваат слики од нејзините деца.

Грајмс и Маск беа заедно три години и имаат три деца – X Æ A-Xii, ќерката Екса Дарк Сајдереил и синот Текно Механикус. Маск, кој вкупно има 14 деца, исто така има деца со својата поранешна сопруга Џастин Вилсон, извршната директорка Шивон Зилис и инфлуенсерката Ешли Сент Клер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот