Буџетски форум/ Фото: Општина Центар

Граѓаните од Центар бараат повеќе зеленило и уредени јавни површини

Центарци покажаа колку им е важно да учествуваат во планирањето на општинските приоритети и да го креираме буџетот за 2026 година транспарентно и отчетно, со директно учество на заедницата, информира градоначалникот Горан Герасимовски по одржаниот втор буџетски форум во основното училиште „Димитар Миладинов“.

Граѓаните предложиле бројни идеи – повеќе зеленило и уредување на просторот кај Зелен пазар, санација на подземните гаражи, подобро одржување на јавните површини и урбана опрема. Во образованието била истакната потребата од реконструкција на училишни дворови, санација на покриви и подобра пристапност во училиштата, а во културата граѓаните побарале интерактивни проекти, мобилни галерии и содржини што ќе го разубават јавниот простор.

Ги информирав присутните и за субвенциите за реконструкција на фасади – поддршка од 30% со можност станбените заедници да аплицираат до 1.000.000 денари. Жителите околу Зелен пазар го поставија и прашањето за дивите пазарџии. Потврдив дека ќе има засилена инспекција и координирана акција со МВР и ДПИ за трајно решавање на овој проблем – вели Герасимовски.

Тој нагласи дека Општината ќе продолжи заедно, отворено и одговорно, да го гради буџетот што ги одразува вистинските потреби на центарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот