Граѓаните повеќе земаат потрошувачки кредити, а помалку се задолжуваат на картичка

Расте задолжувањето на граѓаните за земените потрошувачки и станбени кредити, а се намалува за автомобилските кредити, кредитните картичките, негативните салда. Притоа, годишниот раст на станбените кредити во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, кога се уште немаше пандемија, е 12,7 проценти, додека растот на потрошувачките кредити е 6 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.

Потрошувачките и станбените кредити во февруари покажуваат и месечен раст, односно потрошувачките кредити во февруари се зголемиле за 0,6 проценти во однос на јануари, а станбените за 1,3 проценти.

Во апсолутни бројки, пак, податоците покажуваат дека граѓаните на банките им должат 1,6 милијарди евра за потрошувачки кредити, а веднаш зад нив се станбените кредити со износ од 963 милиони евра.

Според податоците на Народната банка, граѓаните помалку посегнуваат по кредитните картички. Имено, падот на овој вид на кредитирање е 2,3 проценти во февруари во однос на ланскиот февруари, а ако се гледа на годишно ниво, во однос на ланскиот февруари, намаленото задолжување по кредитните картички е за дури 9,2 проценти.

Граѓаните помалку се осмелуваат да одат и во минус, па во февруари по овој основ се задолжиле за 9,3 проценти помалку од ласнскиот февруари.

Автомобилските кредити веќе подолго време се во пад, а во февруари годинава забележаа пад од дури 13 проценти во однос на февруари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот