Градот Загреб со нова апликација за бесплатено користење на јавни простори
Градот Загреб лансираше нова апликација која им овозможува на граѓаните лесно да ги видат и резервираат локалните сали за одбори достапни за краткорочна употреба, пренесува Н1.
Препорачано
Апликацијата е создадена со цел зголемување на транспарентноста и пристапноста на јавните простори, но и олеснување на организирањето на локални активности, состаноци, работилници и настани во соседството.
„Оваа дигитална иновација е важен чекор кон модернизација на Градската администрација и подобра достапност на јавните ресурси на локалната самоуправа. Една од целите е да се охрабрат граѓаните активно да учествуваат во локалните програми, со можност за бесплатно користење на просториите за активности од јавен интерес. Просториите се достапни и за приватни цели, со плаќање на надомест“, се вели во соопштението на град Загреб.
Од таму објаснуваат дека преку интуитивен интерфејс, граѓаните можат брзо да пронајдат достапни соби според локацијата, големината и опремата, да ги видат достапните термини во реално време и да поднесат барање преку интернет и да добијат одговор во рок од седум работни дена, без потреба да доаѓаат лично.
Локалните одбори можат да ги разгледаат, одобрат или одбијат апликациите според јасно дефинирани критериуми.


