Градоначалникот на Херсон потврди дека руската војска е пред влезовите на градот

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Руската армија е пред портите на украинскиот град Херсон, на југот на земјата, изјави денеска  градоначалникот Игор Коликаев.

„На влезовите во Херсон руската армија постави контролни пунктови. Тешко е да се каже како ќе се развива ситуацијата”, напиша Коликаев на Фејсбук.

Тој додаде дека Херсон е украински град и така ќе остане.

„Херсон ќе се спротивстави!” напиша тој.

„Јас сум во мојата канцеларија за да ги координираме службите за да можете да се разбудите во релативно тивок град”, додаде тој, барајќи од жителите да останат мирни и внимателни и да не излегуваат за време на полициски час.

„Не водете агресивни разговори со никого и не предизвикувајте конфликти со неистомисленици… ова не е битка, ова е војна. А војната се добива со разумни постапки и ладни глави”, заклучи тој.

На социјалните мрежи се прикажуваат снимки како руските сили влегуваат во градот со 290.000 жители.

Русија во четвртокот почна инвазија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот