Градоначалничката Арсовска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам

Данела Арсовска градоначалник на Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

На сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки за Рамазан Бајрам, со искрена желба за добро здравје, спокој, благосостојба и среќа, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска по повод празникот.

Со добрина и насмевка помогнете каде можете, бидејќи единствено со заедништво можеме да придонесеме за просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат. Со негување на солидарноста, соживотот, толеранцијата и меѓусебното разбирање да придонесеме за подобра иднина на сите наши сограѓани, се додава во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот