Фото: Град Скопје

Градоначалничката Арсовска ги прогласи најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител за 2024 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година. Овие награди им беа доделени на добитниците врз база на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи.

За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија:

– Васко Тодевски од СВР Скопје од Одделението за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа;

– Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година;

– Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен пример;

Градоначалничката и присутните им посакаа на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот