Фото: Град Скопје

Град Скопје со извршители ќе наплаќа данот на имот и фирмарина од пред пет години

Град Скопје информира дека започнал со постапката за присилна наплата на неплатен данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број должници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски.

Од Градот потсетуваат дека јавниот повик за подмирување на заостанати долгови по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина беше објавен на 9 декември 2025 година.

Според податоците, заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги платиле заостанатите обврски во износ од 20.107.103 денари.

Во рамките на започнатата постапка за присилна наплата утврдено е дека 37.655 физички лица и 1.926 правни лица не го подмириле долгот за данок на имот за 2021 година. Вкупниот износ на неплатените обврски изнесува 148.466.661 денари.

Од Град Скопје информираат дека за 16.372 даночни обврзници веќе се изготвени и доставени решенија за забрана на средства до деловните банки, а останатите 23.209 решенија ќе им бидат доставени до крајот на тековната недела.

Градот упати повик до сите граѓани и правни лица кои сè уште имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси да ги подмират во најкраток можен рок, бидејќи постапката за присилна наплата ќе продолжи кон сите должници.

Граѓаните можат да извршат увид во својата даночна состојба преку електронскиот портал на Град Скопје на адресата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml, каде што е овозможено и електронско плаќање.

Од Градот изразуваат благодарност до сите кои навремено ги подмируваат своите обврски и на тој начин придонесуваат за подобри услуги и развој на градот, дополнувајќи дека ќе продолжат да работат транспарентно и отчетно во интерес на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот