Град Скопје ќе го награди олимпискиот вицешампион Георгиевски со 300.000 денари

Поддршката доаѓаше од сите страни за Дејан Георгиевски/Фото: facebook.com/CityofSkopje

На иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19.30 часот на плоштадот Македонија.

Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.

Фото: facebook.com/CityofSkopje

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот