ВИДЕО | Георгиевски слета во Скопје: Сребрениот медал е успех за целиот македонски народ

Македонскиот таеквондист ќе атакува на златото во Париз/Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Дејан Георгиевски во 14.30 часот слета на скопскиот аеродром, македонскиот олимпиец кој освои сребрен медал на Игрите во Токио.

Македонскиот таеквондист кој го направи најголемиот успех на нашата земја на едни Летните олимписки игри беше пречекан од голем број на фанови.

А како што е веќе најавено на плоштадот Македонија од 19.30 часот е организиран пречек на нашиот спортски херој заедно со неговите тренери.

– Голема благодарност за сите што дојдоа тука за нивната поддршка. Ве покануваме сите вечерва да го прославиме овој успех, бидејќи овој успех не е само за мене, туку и за целиот македонски народ – рече Георгиевски по пристигнувањето на скопскиот аеродром.
Видео извор: МИА.mk

МОК: Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Георгиевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот