МОК: Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Георгиевски

На теквондо турнирот „Скопје Опен 2022“ ќе учествуваат седум држави/Фото: Македонски олимписки комитет

Македонскиот таеквондист во категоријата над 80 кг. го освои сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио.

Како што е веќе најавено од нашата таеквондо федерација со почеток од 19.30 часот е организиран пречек на македонскиот спортски херој на скопскиот плоштад веднаш до триумфалната порта Македонија.

Во текот на вчерашниот ден Владата парично ги награди Георгиевски и неговите тренери за историскиот успех.

Исто така и Македонскиот олимписки комитет финансиски ќе го награди таеквондистот:

– Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет.

Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 долари месечно – информираат од МОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот